БРИСЕЛ
Пуџдемон доби дозвола за вршење на европратеничка фунција
20.12.2019 15:08
Им беше забрането да пристапат до зградата поради активните налози за апсење од Шпанија поради улогата во референдумот за независност од пред две години.

Поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон и Тони Комин, еден од поранешните министри, добија привремена дозвола за вршење на функцијата на европратеник во Брисел.
Ним им беше забрането да пристапат до зградата поради активните налози за апсење од Шпанија поради улогата во референдумот за независност од пред две години.
Забраната беше укината откако Европскиот суд за правда пресуди дека тие заедно со поранешниот потпретседател на Каталонија, Ориол Жункерас имаат право на парламентарен имунитет од денот на објавувањето на изборните резултати.
