Скопје

Средношколците на протест, разрешена директорката на „Никола Карев“ по упатените закани

20.12.2019 15:40

Најтензична беше состојбата во скопското училиште „Никола Карев“. Средношколци на социјалните мрежи објавија видео во кое се гледа како директорката им се заканува на учениците со зборовите „За последиците не ви гарантирам“.

И средношколците се приклучија кон Зелената револуција. Во неколку скопски училишта денеска немаше настава бидејќи учениците бојкотираа во знак на протест против аерозагадувањето. Средношколците вечерва ќе се приклучат на маршот за чист воздух.

Најтензична беше состојбата во скопското училиште „Никола Карев“. Средношколци на социјалните мрежи објавија видео во кое се гледа како директорката им се заканува на учениците со зборовите „За последиците не ви гарантирам“.

Ваквата реакција на директорката на „Никола Карев“ е неприфатлива за градоначалникот Шилегов. Доцна попладнево донесе одлука да ја разреши од функцијата.

Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да ги исполнуваат принципите според кои се избрани како почитувањето на правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи. Оваа градска администрација стои зад сечие право на протест и слободно мислење и во неа нема место за закани кон средношколците и нивното демократско право на собир и протест, велат во соопштението од Град Скопје.