Седници на пет собраниски комисии
На дневниот ред на Комисијата за европски прашања се Предлог- законите за меѓународно приватно право и за неевидентирани лица во матична книга на родени. Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за образование, наука и спорт е јавната расправа по Предлог- законот за младинско учество и младински политики.

Во Собранието денеска седници ќе одржат пет собраниски комисии. На дневниот ред на Комисијата за европски прашања се Предлог- законите за меѓународно приватно право и за неевидентирани лица во матична книга на родени.
Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за образование, наука и спорт е јавната расправа по Предлог- законот за младинско учество и младински политики.
Комисијата за надворешна политика ќе расправа за Предлог- законите за неколку ратификации и спогодбата со Србија за отворање заеднички граничен премин Лојане-Миратовец.
Извештајот на Јавниот обвинител за примена на посебни истражни мерки во 2018 година ќе биде на дневниот ред на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, а две седници ќе одржи и Закондавно- правната комисија.
Собранието на денеска треба да ја одржи 126-та седница на чиј денвен ред се 123 точки меѓу кои и предлог- одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на земјава.
