Поради одрони прекин на сообраќајот кон граничниот премин Пелинце
23.12.2019 09:46
Авто- мото сојузот на Македонија соопшти дека утрово снег врне на Попова Шапка, но засега нема застој во сообраќајот.

Поради одрони, од синоќа од 21 часот и 30 минути во прекин е сообраќајот на делницата кон граничниот премин Пелинце, на Македонско- српската граница.
Авто- мото сојузот на Македонија соопшти дека утрово снег врне на Попова Шапка, но засега нема застој во сообраќајот.
Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
