Потпишување договор за соработка со бугарската софтверска компанија „Скејл Фокус“

23.12.2019 09:38

Како што информира владината прес-служба, оваа најголемата софтверска компанија Скејл Фокус од Република Бугарија, во наредните пет години ќе инвестира 45 милиони евра...

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерката задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и основачот и главниот извршен директор на софтверската компанија Скејл Фокус, Пламен Цеков  денеска ќе потпишат договор за соработка.

Како што информира владината прес-служба, оваа најголемата софтверска компанија Скејл Фокус од Република Бугарија, во наредните пет години ќе инвестира 45 милиони евра и ќе отвори повеќе од 300 работни места.