Загреб

Милановиќ победник во првиот круг од претседателските избори во Хрватска

23.12.2019 10:36

Милановиќ освоил 29,55 проценти од гласовите, Колинда Грабар-Китаровиќ 26,65 проценти, а на трето место е независниот кандидат Мирослав Шкоро со освоени 24,45 отсто од гласовите.

Кандидатот на СДП, Зоран Милановиќ и актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ одат во вториот круг од претседателските избори во Хрватска.

Милановиќ освоил 29,55 проценти од гласовите, Колинда Грабар-Китаровиќ 26,65 проценти, а на трето место е независниот кандидат Мирослав Шкоро со освоени 24,45 отсто од гласовите.

Вториот круг е закажан на 5 јануари.