Почина академик Ѓорѓи Филиповски

23.12.2019 09:54

Со Блаже Конески и со Харлампие Поленаковиќ, се основачи на Академијата во 1967-ма година. Како доктор на земјоделските науки, Филиповски ја основал и Катедрата по педологија и агрохемија на Земјоделскиот факултет...

Почина академик Ѓорги Филиповски, еден од тројцата основоположници на Македонската академија на науките и уметностите.

Со Блаже Конески и со Харлампие Поленаковиќ, се основачи на Академијата во 1967-ма година. Како доктор на земјоделските науки, Филиповски ја основал и Катедрата по педологија и агрохемија на Земјоделскиот факултет, а беше и ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ по земјотресот во Скопје.

Комеморацијата за академик Ѓорѓи Филиповски ќе биде одржана во МАНУ во 11 часот, а погребот е закажан во 13 часот.