ЕРУСАЛИМ

Израел им дозволи на христијаните од Газа да го посетат Ерусалим за Божиќ

23.12.2019 11:47

Дозволата за напуштање на територијата контролирана од Хамас која беше досега неизвесна ќе се издава во согласност со безбедносната проценка.

Израел ќе им дозволи на христијаните од Појасот Газа да патуваат за Ерусалим и Западниот брег за време на Божиќ. Дозволата за напуштање на територијата контролирана од Хамас која беше досега неизвесна ќе се издава во согласност со безбедносната проценка.

Во Појасот Газа живеат околу 1.000 христијани. Повеќето се грчки православни христијани, а католиците сочинуваат околу една четвртина од оваа малубројна заедница.