Апелација официјално не потврдува дека се укинати пресудите на Мијалков и Тачи за „Титаник 2“

23.12.2019 12:34

Портпаролот на Апелацискиот суд, Сафет Кадриу за МТВ потврди дека до крајот на неделава ќе има официјално соопштение.

Скопска Апелација сѐ уште официјално не ја потврдува информацијата дали судот ја укинал првостепената пресуда за поранешниот директор на УБК, Сашо Милјалков и лидерот на ДПА, Мендух Тачи за „Титаник 2“.

Портпаролот на Апелацискиот суд, Сафет Кадриу за МТВ потврди дека до крајот на неделава ќе има официјално соопштение.

Екс- шефот на тајната полиција Мијалков во март годинава беше осуден на 3 години затвор за манипулации на локалните избори 2013-та година, а затворска казна добија и Тачи, Ибраими и тројца други поранешни членови на ДИК.

Лидерот на ДПА доби 3 години и 2 месеца, а Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска, беа казнети со по три години затвор. Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими доби казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци.