Бојан Јовановски повторно ќе дава исказ кај Рускоска за „Меѓународен сојуз“
23.12.2019 12:41
Јовановски во петокот повеќе од осум часа беше на распит кај Рускоска. Во овој случај осомничени се и Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, Кристина Блажевска, како и Фросина Ременски...
Бојан Јовановски - Боки13 денеска повторно ќе дава исказ пред обвинителката Вилма Рускоска за „Меѓународен Сојуз“.
Јовановски во петокот повеќе од осум часа беше на распит кај Рускоска. Во овој случај осомничени се и Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, Кристина Блажевска, како и потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски.
Истрагата за „Меѓународен сојуз“ се однесува за измама и перење на пари.
