Судењето за „ТНТ“ одложено за утре

23.12.2019 12:47

Адвокатите го известија судијата дека обвинетиот Трајковски пријавил во МВР дека ноќеска бил претепан од непознати лица додека бил на прошетка со екс- скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, третообвинет во предметот „ТНТ“, не дојде на денешното судење ниту по паузата од еден час, по што судијата Огнен Ставрев го одложи судењето и нареди Трајковски за утрешното рочиште да биде стражарно спроведен од полицијата.

Адвокатите го известија судијата дека обвинетиот Трајковски пријавил во МВР дека ноќеска бил претепан од непознати лица додека бил на прошетка со екс- скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Судијата Ставрев соопшти дека обвинетиот Тони Трајковски бил отпуштен во „општа здравствена состојба“, читајќи го документот добиен од здравствената установа каде што Трајковски бил примен.