САУДИСКА АРАБИЈА

Петмина осудени на смртна казна поради убиството на Кашоги

23.12.2019 12:53

Јавното обвинителство на Саудиска Арабија соопшти дека предмет на истрагата бил и Сауд Ал-Кахтани, поранешен советник на кралското семејство, против кого не биле најдени никакви компромитирачки докази.

Пет лица се осудени на смртна казна поради убиството на новинарот Џамал Кашоги. Уште тројца други добија затворска казна во траење од 24 години.

Јавното обвинителство на Саудиска Арабија соопшти дека предмет на истрагата бил и Сауд Ал-Кахтани, поранешен советник на кралското семејство, против кого не биле најдени никакви компромитирачки докази.

На судењето биле изведени вкупно 11 луѓе. Кашоги, којшто беше остар критичар на  владата во Ријад, беше убиен во саудискиот конзултат во Истанбул од агенти кои, според извештај на ЦИА биле поврзани со престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Тој негира каква било вмешаност, но изјави дека како саудиски лидер презема целосна одговорност. Телото на Кашоги сè уште не е пронајдено.