Митрески: Расправа за Изборниот законик ќе има

23.12.2019 13:11

Се најавува јавна расправа, но не во Собранието, бидејќи нема деловнички можности за тоа.

Измените на Изборниот законик се за поголема демократичност во земјата, велат од СДСМ. Оттаму со апел до ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите. Се најавува јавна расправа, но не во Собранието, бидејќи нема деловнички можности за тоа.

„Во овој момент нема деловничка можност за одржување јавна расправа по дефиниција од Деловникот во Собранието. Меѓутоа, расправа ќе се одржи. За датумот и часот на одржувањето на расправата ќе информира претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Александар Кирацовски. Мислам дека ќе биде надвор од собраниската зграда и ќе бидат поканети многу експерти од оваа област“, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ се надева дека партиите ќе го променат својот став.

Ние уште еднаш ги повикуваме сите политички партии да се вклучат во носењето на измените, рече Митрески.