Синдикатот на културните работници најави штрајк
23.12.2019 13:15
Причина за штрајкот е непотпишувањето на Колективниот договор за кој се преговарало две години и за кој како што, велат од овој синдикат, континуирано добивале ветувања дека ќе биде потпишан.

Синдикатот на културните работници соопшти дека утре неговите членови ќе штрајкуваат. Причина за штрајкот е непотпишувањето на Колективниот договор за кој се преговарало две години и за кој како што, велат од овој синдикат, континуирано добивале ветувања дека ќе биде потпишан.
Вработените во културата се речиси 15 години без социјални права, со огромни разлики во платите и субјективна валоризација на трудот, се вели во соопштението на Синдикатот на културните работници.
