Арсовска дел од Глобалниот комитет на жени- лидери

23.12.2019 13:21

Со бордот ќе претседава Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела, а го сочинуваат 12 светски познати членки.

Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска е избрана за член на бордот на Глобалниот комитет на жени лидери. Со бордот ќе претседава Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела, а го сочинуваат 12 светски познати членки.

Глобалниот комитет на жени- лидери е посветен на искористување на уникатниот пристап на влијателни жени лидери во светот, креатори на политики, претприемачи и уметници – обединувајќи ги да ги искористат своите колективни знаења, да се посветат на критични теми и да генерираат иновативни решенија за зајакнување на светската економија.