Жртви во невремето на југот и западот од Европа

23.12.2019 13:47

Во Италија, и натаму е критично во Венеција која сè уште закрепнува од големите поплави кои уништија 70% од територијата на градот под заштита на УНЕСКО. Покрај Пиринејскиот и Апенинскиот Полуостров, невремето пустоши и делови од Балканот.

Деветмина загинаа во големите бури во јужна и западна Европа. Франција, Португалија, и Шпанија на удар на бурата „Елса“ која прелева реки, урива далноводи и ги парализира сите сообраќајни рути.

Во Италија, и натаму е критично во Венеција која сè уште закрепнува од големите поплави кои уништија 70% од територијата на градот под заштита на УНЕСКО. Покрај Пиринејскиот и Апенинскиот Полуостров, невремето пустоши и делови од Балканот.

Силниот ветар во Далмација предизвика големи бранови и висока плима во Јадранско море, која оштети многу бродови. Во Црна Гора, најкритично е во Котор и Тиват каде што поради излевање на реките, беше блокиран сообраќајот, а имаше и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Со сличен проблем се соочуваат и жителите на Епир и Крит во Грција.