Администрацијата ќе се реорганизира
Кон крајот на јануари, ресорното министерство и европските експерти ќе излезат со конкретни решенија за целосна реорганизација на администрацијата, вели ресорниот министер Манчевски. Тогаш ќе има и јасна слика за префрлањето на дел од администрацијата во приватниот сектор, додаде Манчевски на прес- конференцијата по повод промоција на ЕНЕР апликацијата преку која сите заинтересирани ќе можат од дома да следат законска регулатива и да поднесуваат иницијативи, но и да дебатираат за нив...
На крајот од јануари ќе се знае каква реорганизација ќе претрпи администрацијата, најави ресорниот министер Манчевски. Помагаат и експерти од Европската унија.
Многу можности во изминативе 10 години понуди Електронскиот национален регистар на прописи, тврдат надлежните. Зголемен е рокот за коментирање. Ова резултираше со зголемен број посети, кои надминаа два милиона, а ЕНЕР сега нуди консултација на други типови документи, како и електронско поднесување иницијативи, закони, а достапни се и форум- тематските дебати.
ЕНЕР издвојува простор и за граѓанските организации и нивните анализи, кои се во насока на процесот на креирање политики.
Фиљана Кока
