Мицевски: СДСМ го блокира законодавниот дом

23.12.2019 15:04

Според координаторот Мицевски собранискиот спикер го крши Деловникот. Џафери возврати- ова е резултат на злоупотребата на еден од претседателите на комисиите...

По безмалку три часа почна собраниската седница на чијшто дневен ред се ставени 123 закони. Владејачкото мнозинство за две недели во процедура става 200 закони со што се прави хаос во Законодавниот дом, посочија од ВМРО- ДПМНЕ.

Според координаторот Мицевски собранискиот спикер го крши Деловникот. Џафери возврати- ова е резултат на злоупотребата на еден од претседателите на комисиите, а тој е должен да ги закаже седниците по 10 дена од доставувањето на предлог- законите од владата.

По ова пратениците од ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала.