СДСМ: Потребно е прочистување на правосудниот систем
Според партијата, граѓаните се сведоци на постојани обиди за одлагање на предметот „ТНТ“ кој е во завршна фаза и треба да добие судска разрешница.

Последните случувања во судството уште еднаш ја потврдуваат потребата од прочистување на правосудниот ситем, велат од СДСМ. Според партијата, граѓаните се сведоци на постојани обиди за одлагање на предметот „ТНТ“ кој е во завршна фаза и треба да добие судска разрешница.
„Денеска беа објавени информации со најави дека Апелациониот суд укинува затворски пресуди против обвинети во предмети на СЈО. Веќе јавноста знае за информациите дека поранешниот претседател на Врховен суд држел десетици предмети во фиока. Ова е недозволиво и мора да прекине. Граѓаните бараат правда и правда мора да има.Се потврдува дека неопходен е процес на целосно прочистување на судскиот систем“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадинов.
Мора да се направи целосна разлика помеѓу оние кои ја извршуваат и оние кои ја попречуваат правдата, велат од владејачката партија.
