Прилеп

Поставен камен- темелник на земјоделско- стопанскиот комплекс „Голд Ленд“

23.12.2019 15:19

Кај прилепското село Славеј денеска е поставен камен темелник на земјоделско-стопански комплекс „Голд Ленд“ за примарна обработка на земјоделски производи и фарма за товење говеда. Инвестицијата во вкупна вредност од 4,5 милиона евра од кои 1,5 милиона евра се од ИПАРД фондовите. Инвестицијата е на групацијата „Везешари“ која од 140, бројот на вработени ќе го зголеми на 200...

Земјоделско- стопански комплекс за регионален центар за откуп на земјоделски производи и за најсовремена фарма за говеда со преку 1.000 грла годишно почна да се гради во Прилепско.

Комплексот „Голд ленд“ од 4,5 милиони евра, од кои 1,5 милиона евра од ИПАРД 2 програмата е најголема инвестиција од мерката еден. Оваа македонско- германска инвестиција ќе ги развива локалното стопанство, сточарството во земјава, ќе го намали увозот на говедско месо и ќе ги зголеми вработувањата.

Комплесот „Голд ленд“ ќе биде готов за една година.

 

Елизабета Митреска