Инвестиции

Бугарска ИТ компанија ќе инвестира во Македонија

23.12.2019 15:40

Во период од пет години најголемата бугарска софтверска компанија „Скејл фокус“ ќе инвестира 45 милиони евра во земјава и ќе отвори над 300 работни места. Договорот со основачот и главниот извршен директор на софтверската компанија, Пламен Цеков беше потпишан денеска во Владата...

Речиси 34 милиони од вкупната инвестиција од 45 милиони евра на бугарската „Скејл Фокус“ во наредните пет години ќе бидат наменети за плати на вработените. Софтверската компанија планира да ангажира околу 300 луѓе. Потпишан е договор за државна поддршка. Се отвора можност, млади инженери да работат на светски проекти со европски плати.

Компанијата од ИТ индустријата ќе отвори и центар за обука на кадри. Според вицепремиерот за економски прашања Анѓушев, ова е шанса младите да останат дома.

Од Владата информираат дека е потврдена уште една инвестиција која ќе биде најавена наскоро. Оттаму, велат дека во последниве две години се потпишани 34 договори, а изградени 13 фабрики.

 

Дијана Ценевска