САД: Конгресот на пауза

24.12.2019 10:08

Главното прашање во моментот е како ќе изгледа т.н. судење во Сенатот, со кое ќе се одлучи отповикување на Трамп и дали на демократите ќе им биде дозволено да повикуваат нови сведоци во текот на процесот.

Во американскиот Конгрес има празнична пауза по одлуката на Претставничкиот дом да го отповика претседателот Доналд Трамп.

Главното прашање во моментот е како ќе изгледа т.н. судење во Сенатот, со кое ќе се одлучи отповикување на Трамп и дали на демократите ќе им биде дозволено да повикуваат нови сведоци во текот на процесот.

Во Сенатот се уште не е проследена резолуцијата од Долниот дом на Конгресот, за што републиканците и Трамп ја критикуваа Ненси Пелоси.

Сенатот ќе расправа за разрешувањето на Трамп од Претставничкиот дом за злоупотреба на службената должност и опструирање на Конгресот во јануари.