Училиштен информатор: Китење новогодишна елка
Секој претставник од паралелките ја прочита пораката и ја закачи на новогодишната елка со желба пораките да станат реалност.

Еден од најубавите обичаи во врска со дочекот на Новата година е китењето елка. Како ќе се накити елката денес е работа на вкус, идеи, на материјални можности, но и на знаење.Најважно од сè е зимзеленото дрво, тој симбол на вечен живот , да биде накитено од сите домакини, секој да стави барем по еден украс. А лампиони има во секакви форми и бои. Но еве како учениците од училишниот парламент при ООУ„Рајко Жизифов“ од Драчево ја накитиja елката во училишниот хол:
На работилниците се направија рачно изработени украси со пораки на различни јазици. Многу пораки и желби наместо шарени лампиони. Китењето започна со кратка новогодишна приредба во којашто учество зедоа учениците од одделенската настава. Секој претставник од паралелките ја прочита пораката и ја закачи на новогодиштана елка со желба пораките да станат реалност. На крајот директорката на училиштето на учениците, родителите, наставниците и на сите вработени им посака среќна и успешна Нова 2020 година и го закачи врвот на елката.
НА МНОГУ, МНОГУ, НАЧИНИ
БЕЗ ОСОБЕНИ ЗАЧИНИ
СО ГОЛЕМИ И МАЛИ БУКВИ
СО БЕЗБРОЈ ЗБОРОВИ
ВАКВИ И ПОИНАКВИ
МОЖЕ ДА СЕ ПОСАКА
ВО СЕКОЈА СРЕДНИНА
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА
Радмила Гиевска
