Денеска е Бадник по Грегоријанскиот календар
Ноќта помеѓу Бадник и Божик, во католичките цркви се служи света миса на полноќ, затоа што се верува дека токму тогаш божјата светлина доаѓа од темнината.
Римокатоличката црква и Христијанските цркви што времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го прославуваат Бадник – денот пред Божик.
Ноќта помеѓу Бадник и Божик, во католичките цркви се служи света миса на полноќ, затоа што се верува дека токму тогаш божјата светлина доаѓа од темнината.
Божик утре го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската Православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар.
Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7-ми јануари.
