Продолжуваат пресметките во кошаркарската Евролига

06.03.2014 10:54

Во кошаркарската Евролига се играат 4 натпревари од 9 коло во Топ 16 фазата, по два во двете групи. Во “Е“ групата Олимпијакос го пречекува Емпорио Армани, каде што актуелниот европски првак мора да победи, за да ги зголеми шансите за пласман во завршницата. Грците се меѓу 4 екипи со по 4 победи и исто толку порази, додека Италијанците се второпласирани, со една победа повеќе. Лидерот Барселона како единствена со максимален број бодови, го пречекува Фенербахче Улкер. Турците во чии редови игра македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекелеб, засега се со половичен ефект во оваа фаза.

Уште два натпревара се играат во “Ф“ конкуренцијата, каде што во Каунас екипата на Жалгирис ја пречекува ЦСКА Москва. Литванците се при дното со само една победа, а Русите се дијаметрално позиционирани на табелата, како колидери со Реал Мадрид, со по еден пораз. Во втората вечерашна средба, Партизан во Белград му е домаќин на најпријатното изненадување Баерн Минхен. Српскиот клуб нанижа седум порази досега, и само со победа може да очекува бегство од дното на табелата, додека Германците високо котираат со 4 победи во досегашните настапи.

Покрај вечерашните дуели, колото ќе биде заокружено утревечер, кога се играат другите 4 натпревари од 9 рунда.