Случај „ТНТ“: Обвинителството бара раздвојување на постапката против Тони Трајковски
Судијата Ставрев, рече дека денеска во 9 часот, пред почеток на денешното рочиште добил известување дека обвинетиот Тони Трајковски е хоспитализиран на Клиника за неврохирургија, за што до Судот ќе биде доставена и дополнителна документација.

Судот одлучува по барањето на Обвинителството за раздвојување на постапката во случајот „ТНТ“, откако на денешното рочиште повторно не се појави еден од обвинетите, Тони Трајковски.
Судијата Ставрев, рече дека денеска во 9 часот, пред почеток на денешното рочиште добил известување дека обвинетиот Тони Трајковски е хоспитализиран на Клиника за неврохирургија, за што до Судот ќе биде доставена и дополнителна документација.
Јовица Страшковски, адвокат на Тони Трајковски, информираше дека неговиот клиент, вчера пак бил хоспитализиран на Ургентниот центар, а утринава на Клиниката за неврохирургија. Поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, кој е третообвинет во случајот „ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски, и вчера не се појави на судското рочиште.
Во неделата тој бил физички нападнат, по расправија со две лица. МВР го потврди настанот и соопшти дека работи на расчистување на случајот.
