Авганистан

Талибанците објавија дека убиле американски војник

24.12.2019 11:39

Американското министерство за одбрана соопшти војникот починал од повреди во борбени операции во провинцијата Кундуз. Пентагон соопшти дека инцидентот се истражува.

Талибанците објавија дека во Авганистан убиле припадник на американската војска и приложиле докази за идентитетот на убиениот војник. Американското министерство за одбрана соопшти војникот починал од повреди во борбени операции во провинцијата Кундуз. Пентагон соопшти дека инцидентот се истражува.

Речиси 20.000 странски трупи, претежно американски војници, се стационирани во Авганистан, како дел од мисијата на НАТО предводена од САД за обука, помош и советување на авганистанските сили.