Десетици жртви во автобуска несреќа во Индонезија
24.12.2019 12:11
14 луѓе биле повредени, од кои еден е во критична состојба. Спасувачите трагаат по патници за кои се верува дека биле однесени од реката.
Најмалку 25 лица загинаа кога патнички автобус паднал во 80 метри длабока бездна на островот суматра во Идонезија. Според првичните инфомрации најверојатно откажале сопирачките на возилото.
14 луѓе биле повредени, од кои еден е во критична состојба. Спасувачите трагаат по патници за кои се верува дека биле однесени од реката.
Сообраќајните несреќи се вообичаени во Индонезија поради лошата инфраструктура и безбедносни стандарди.
