Судењето за случајот „ТНТ“ продолжува на 17-ти јануари
Денешното рочиште беше одложено поради отсуство на третообвинетиот, поранешен градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски кој пред два дена беше претепан...

Судењето за уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, во јавноста познат како случај „ТНТ“, ќе продолжи на 17-ти јануари. Денешното рочиште беше одложено поради отсуство на третообвинетиот, поранешен градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски кој пред два дена беше претепан.
Адвокатот Јовица Страшковски соопшти дека неговиот клиент е повторно во болница. Предлогот на обвинителството за раздвојување на постапката беше одбиен од судот, како неоснован.
Обвинителот Бурим Рустеми рече оти очекува, судењето да почне од почеток поради истек на мандатот на поротничката. Според него, не постои можност да застарат делата за кои се товарат шестте обвинети.
