Нови апарати за подобра дијагностика на Очната клиника
Два нови апарата за брза дијагностика на очните болести се набавени на клиниката. Едниот е за детектирање на ретинопатија кај предвреме родените бебиња, а другиот за откривање промени во крвните садови кај одредени болести. Властите очекуваат компликациите од нарушувањето на видот кај новороденчињата да резултира со нула проценти слепило, бидејќи навреме ќе ја примаат терапијата.
Апарати за рана детекција на ретинопатија кај предвреме родените бебиња и за испитување на промените на крвните садови во очите се ставени во функција на клиниката. Досега ретинопатија кај децата се дијагностицираше со стара метода. Со навремена терапија, лекарите очекуваат компликациите од нарушување на видот кај новороденчињата да бидат надминати.
„Со оваа метода очекуваме компликациите од тие нарушувања во очите кај предвремено родените деца да резултираа со нула проценти слепило за разлика од тоа што беше досега со старата технологија која не можеше се да детектира. Сега со навремена и точна дијагноза може навреме да се даде соодветна терапија со која клиниката веќе располага за да се надмине тој проблем“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Апаратот за дијагностицирање на пациентите со глауком овозможува прецизна компјутерска слика на крвните садови.
„Апаратот е наменет за пациенти кои имаат сенилна катаракта, односно перде. Еден од најголемите проблеми е чекањето на ширењето на зеници, а овој апарат го има тој бенефит да може да работи на мала пупила“, вели д-р Христијан Дума, директор на Очната клиника.
Во изминативе две години на клиниката за очни болести се вработени шест лекари, дел од нив се на специјализација. Надлежните велат, во следниот период ќе бидат вработени и медицински сестри.
Андријана Атанасовска
