Филипини: Властите побараа евакуација пред Божик
24.12.2019 13:39
Метеоролошката служба јави дека очекува циклон да го погоди островот, а најзагрозена ќе биде областа околу градот Боронгона, на источниот брег од островот Самар.
Властите на Филипините во очи Божик повикаа илјадници луѓе од централните делови на земјата да ги напуштат своите домови во очекување на силна тропска бура.
Метеоролошката служба јави дека очекува циклон да го погоди островот, а најзагрозена ќе биде областа околу градот Боронгона, на источниот брег од островот Самар.
Властите ги замолија жителите во крајбрежните области подложни на свлечишта да се евакуираат.
