Синдикатот на културата прогласи еднодневен генерален штрајк
Во културните и во уметничките институции владее хаос, а Колективен договор не е донесен од 2005-та година. Синдикатот на културата револтиран од ваквата состојба, прогласи еднодневен генерален штрајк. Откажани се претстави, кино проекции, проби, концерти, а во некои музеи не се примаат посетители. Синдикатот денеска е повикан на итен состанок во Министерството за култура...
Револтирани од како што велат, хаосот со работничките права во културните установи и непотпишувањето на колективен договор, Синдикатот за култура на еднодневен генерален штрајк. Во дел од институциите се откажани 8 претстави, една изложба, 6 проекции и кино проекции, 10 проби во театар, еден концерт, а 13 музеи не примаат посетители. Синдикатот денеска на средба со Министерството за култура. Добиле понуда од први јули наредната година да добијат повисоки плати.
Вработените во културата се 15 години без социјални права, со огромни разлики во платите и субјективна валоризација на трудот. Сскратени им се правата на додатоци на плата и надоместоци на трошоци поврзани со работатата, велат од Синдикатот.
Потсетуваат дека изедначувањето бил преоден чекор кон колективниот договор, што сам по себе не претставува покачување на платите. Според Синдикатот, треба конечно да се уредат согласно со Законот за работни односи.
Викторија Милевска
