Работата на Македонско- грчката комисија ќе продолжи со нови членови од Грција
Се очекува назначување на нов шеф на грчката комисија за да продолжат разговорите со македонската, вели шефот на нашиот тим, амбасадорот Габер. За бугарската пак, и натаму се пречка потеклото на Делчев и постоењето на македонскиот јазик...
Работата на заедничката експертска Македонско- грчка комисија треба да продолжи по назначувањето на новиот шеф на грчката страна за историски и образовни прашања, изјави шефот на македонскиот дел од комисијата, амбасадорот Виктор Габер. Открива дека тој ќе биде од тамошната дипломатија, кој треба да ја продолжи работата што досега е направена од членовите на Комисијата.
Заедничката комисија за историски и образовни прашања со Бугарија е во пауза поради изборите во земјава, но не е укината, вели шефот на македонскиот дел од заедничката Македонско-бугарска комисија, Драги Ѓоргиев.
Застојот во работата на Комисијата со Грција беше направен поради промена на составот на членовите од грчка страна, додека со Бугарија поради несогласувањето околу револуционерот Гоце Делчев и поради македонскиот јазик.
Ирина Гелевска
