Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик

25.12.2019 10:39

Со порака за безусловна љубов, Папата Франциски им честита на верниците. Христијаните од целиот свет и од блискиот исток се собраа и во палестинскиот град Витлеем на западниот брег, да го прослават католичкиот Божик.

Католичките верници и дел од православните христијани според Грегоријанскиот календар го прославуваат раѓањето Христово, Божик. Со порака за безусловна љубов, Папата Франциски им честита на верниците.

Христијаните од целиот свет и од блискиот исток се собраа во палестинскиот град Витлеем, на западниот брег, да го прослават раѓањето Христово. Полноќна миса беше одржана во црквата изградена на местото на кое се верува дека бил роден Исус Христос.

Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија. 

На литургијата присуствуваа и претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска, претседателот на Владата, Зоран Заев, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, претставници на верски заедници

Исус да ни помогне да ја најдеме довербата што не прави човечни, да се учиме од Него на богољубност и човекољубност. Тој да ни помогне да ја најдеме таа блискост во нашите семејства, меѓу познатите и колегите, меѓу пријателите и соседите, во заедницата и во општеството, не само за овие празници, туку во текот на целата година и целиот наш живот- истакна бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов во Божикната порака.