Трамп очекува Божикен подарок од Северна Кореја
Пентагон смета дека Северна Кореја би можела да тестира ракета со долг дострел. Лидерите на двете земји Трамп и Ким се сретна трипати лани, но не е постигнат значителен напредок во преговорите.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам во однос на најавениот божикен подарок од Северна Кореја.
„Можеби ќе ми испратат убава вазна, а не ракетен тест“, изјави челникот на Белата куќа. Пјонгјанг го предупреди Вашингтон дека може да му испрати празничен дар, обвинувајќи го Вашингтон дека се обидува да ги одложи разговорите за денуклеаризација пред претседателските избори во САД следната година.
Пентагон смета дека Северна Кореја би можела да тестира ракета со долг дострел. Лидерите на двете земји, Трамп и Ким се сретна трипати лани, но не е постигнат значителен напредок во преговорите.
Северна Кореја се обидува да ги укине меѓународните санкции, а САД очекува прво да се откажат од нуклеарното оружје.
