Пендаровски со честитка до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар...

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.
„Посакувам денот на Христовото раѓање да ни донесе среќа, здравје, радост и да ја засили нашата верба и надеж во подобро утре. Токму во деновите на празникот кој се минува со најблиските и кога нашите домови и срца се исполнети со светлина и топлина, да шириме љубов и хармонија во нашите семејства, но и да се грижиме и да им подадеме рака на сите на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа“- пишува во честитката од претседателот на државата.
