УХМР

Следува период на постудено време

25.12.2019 11:47

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди...

Во наредните денови пред новогодишните празници времето во земјава ќе биде постудено со утрински температури под нулата.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен северозападен ветер.

Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег, a во сабота повремен снег ќе имаа и во пониските места.