Џихадисти во убија 35 цивили во Буркина Фасо
25.12.2019 10:03
Инцидентот се случил во градот Арбинда, до границата со Мали. Нападите на џихадистите во оваа западноафриканска земја се чести...
Во напад на џихадистите на северот од Буркина Фасо се убиени 35 цивили, од кои повеќето жени. Во судирот со силите за безбедност, кај кои исто така има жртви, се усмртени и 80 напаѓачи.
Инцидентот се случил во градот Арбинда, до границата со Мали. Нападите на џихадистите во оваа западноафриканска земја се чести, но засега никој не презеде одговорност за масакрот. Во Буркина Фасо оперираат многу екстремистички групи.
