120 куќи уништени во пожар во Чиле
25.12.2019 11:25
Според градоначалникот Хорхе Шарп, пожарите биле намерно предизвикани. Засега нема податоци за можни жртви.
Најмалку 120 куќи се уништени во пожар во Валпараизо, Чиле. Властите евакуираа голем дел од населението, а како превентивна мерка е запрено снабдувањето со вода и со струја.
Според градоначалникот Хорхе Шарп, пожарите биле намерно предизвикани. Засега нема податоци за можни жртви. Валпараизо - еден од највисоките чилеански градови и главно пристаниште на Пацификот - е популарна туристичка дестинација.
