Турција: Парламентот сака да распореди воени сили во Либија
25.12.2019 12:28
Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека воената помош може да биде дадена во форма во обука на војници, но и во хуманитарни мисии.

Турскиот парламент планира да распореди воени сили во Либија. Минатиот месец владата на Анкара потпиша договор за воена соработка со Триполи.
Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека воената помош може да биде дадена во форма во обука на војници, но и во хуманитарни мисии.
Силите лојални на владата на премерот Фаез Сараџ со месеци се судираат со сили на маршал Халиф Хафтар, стационирани во источна Либија.
