Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање приведено лице
Пријавениот полициски службеник врз приведено и задржано женско лице применил средства за присилба и физичка сила во повеќе наврати, без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против В.С. полициски службеник вработен во Полициската станица Центар, поради основано сомнение дека сторил кривично дело- малтретирање во вршење на служба.
Пријавениот полициски службеник на 28/29. 11.2019 во полициската станица врз приведено и задржано женско лице применил средства за присилба и физичка сила во повеќе наврати, без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба.
Од извршениот увид во видео записот на ПС Центар евидентно е дека во случаите на употреба на физичка сила се исполнети елементите на кривичното дело.
Против полицискиот службеник е поведена и дисциплинска постапка за утврдување на одговорност.
