Заев: Немам намера да поднесам оставка ако опозицијата продолжи да ги блокира законите во Собранието
Ако опозицијата продолжи да ги блокира законите за повисоки плати и пензии нема да дадам оставка на трети јануари- изјави денеска премиерот Заев...
Премиерот Заев изјави нема да поднесе оставка на трети јануари ако опозицијата продолжи да ги блокира законите во Собранието. Сепак, Заев уверува дека не сака да се одложат изборите, дека партијата се подготвува за пржинската влада.
„Јас сум првиот што секој пат дијалогот го почитувам и имам намера целосно да го почитувам, но немам намера да ја поднесувам оставката ако некој ги блокира ваквите процеси. Без поднесување на оставката нема започнување на сите постапки“, изјави премиерот Заев.
Премиерот нагласи ако се дозволи опозицијата на видлив начин во Собранието да изнаоѓа начини, а има право по деловник да ги изблoкира законите за повисоки плати, за повисоки пензии, за реализација на државните проекти кои што живот значат за граѓаните, тоа за се СДСМ сериозни причини да разговара дури и за одлагање на изборите.
