Николоски: Заев бара алиби за одложување на изборите

25.12.2019 13:20

Зоран Заев многу добро знае дека изборите за него значат крај на политичката кариера, а потоа следи одговорност, велат од опозициската партија...

За ВМРО-ДПМНЕ, Заев бара алиби и не сака соочување со народот, бидејќи знае дека го чека пораз и одговорност.

„Го повикуваме да не ја носи Македонија во длабока и тешка политичка криза за која само тој ќе е одговорен! ВМРО-ДПМНЕ нема да ја прифати коцкарската игра на Зоран Заев и нема да прифати уцени. Зоран Заев одамна не е во состојба да поставува услови. Тој нема кредибилитет и изборите се единственото решение. И доколку овој пат ги стави своите интереси пред интересите на државата и на народот со цел да се спаси од одговорност и да продолжи со пљачката на државата, ќе се соочи со гневот на народот, гневот на ВМРО-ДПМНЕ и гневот на цела Македонија“, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев многу добро знае дека изборите за него значат крај на политичката кариера, а потоа следи одговорност. Сака да одбегне пораз и да одложи соочување со одговорноста за своето работење, истакна Николоски.