Јовановски барал два милиони евра од кумашинот на бизнисменот Митровски за случаите во СЈО
Сведокот му пренел на Митровски што било предложено, по што го советувал да пријави. Митровски како конзул на Латвија, за ова го известил нерезидентниот амбасадор, кој пак го контактирал министерот за надворешни работи.
Во скопскиот Кривичен суд, рочиште за случајот „Рекет“. Сведочеше адвокатот Сашко Бошков, кој рече дека првообвинетиот Бојан Јовановски- Боки 13 барал два милиони евра за случаите кои ги водело тогашното Специјално јавно обвинителство против неговиот кум, бизнисменот Зоранчо Митровски.
Сведокот му пренел на Митровски што било предложено, по што го советувал да пријави. Митровски како конзул на Латвија, за ова го известил нерезидентниот амбасадор, кој пак го контактирал министерот за надворешни работи.
Митровски во сведочењето рече дека немал никаков контакт, ниту со Јовановски, ниту со Јанева, а СЈО за него било кошмар. Сведочеше и бизнисменот Томе Главчев.
Сведоците немаат никаква допирна точка со предметот- реагираат адвокатите. Во случајот „Рекет“ обвинети се Бојан Јовановски и екс- специјалната обвинителка Катица Јанева. Наредно рочиште е закажано за в петок. Продолжува со сослушување на сведоци.
