Собрание

Јавна дебата за една изборна единица

25.12.2019 15:08

Се одржува на иницијатива на претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски. Ги нема пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои поднесоа над шест илјади амандамани на Изборниот законик.

Во Собранието во рамки на Комисијата за политички систем, јавна дебата за предлогот државава да биде една изборна единица за парламентраните избори, да има отворени листи за локалните избори и еднаква родова застапеност на листите за пратеници и советници.

Се одржува на иницијатива на претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски. Ги нема пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои поднесоа над шест илјади амандамани на Изборниот законик.

Една изборна единица бараат помалите политички партии. Поддршка добија од СДСМ.