Пред 26 години во Македонија почна трансплантација од починати донори
Трансплантација на бубрези
07.11.2013 12:56
Измена на законска регулатива за трансплантацијата
Трансплантацијата со органи од жив донор во Македонија почна пред 36 години ,а од кадавер или пацинти со мозочна смрт пред 26 години.Од тогаш досега се извршени стотици трансплантации,од кои најмногу на бубрези.За да се оддржи континуитетот и за да функционира систем со листа на донатори во моментов недостига подзаконски акт и национален координатор што ќе го обединува процесот.
Се збогувала со дијализата пред една година и сега живее нормален живот.
Не само што го продолжува животот,туку и заштедува трошоци за дијализа или за други помалку продуктивни третмани..Во моментов за да се создаде систем со листа на потенцијални дарители и приматели недостига подзаконска регулатива со која ќе биде назначен национален координатор.Наскоро се очекува Владата да го разреши овој проблем
Првото пресадување на бубрег од пациент со мозочна смрт, пред 26 години го извршија хирурзите Нинослав Ивановски,Перко Колевски и Живко Попов.
