ДЗС: Раст на трошоците во градежништвото
06.03.2014 11:38
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвртиот квартал од 2013 година бележат пораст од 1,4%...

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дкеа трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвртиот квартал од 2013 година бележат пораст од 1,4% во однос на четвртиот квартал од 2012 година.
Според податоците, во споредба со третото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се на исто ниво, трошоците за материјали се повисоки за 0,2%, а трошоците за вработените се пониски за 0,7%.
Во четвртото тримесечје од 2013 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2012 година, трошоците за материјали се пониски за 2,5%, а трошоците за вработените се повисоки за 14,6%.
