Седница на Собранието за пратенички прашања

26.12.2019 10:05

Во Законодавниот дом на дневен ред пратенички прашања. Народните избраници ќе ја прашуваат Владата на последната седница годинава...

Републичкото Собрание денеска ќе ја одржи 124. седница на чиј дневен ред се пратенички прашања.

Седниците на кои пратениците имаат можност да им поставуваат прашања на министрите во Владата се одржуваат секој последен четврток во месецот.

Ова е последна седница за пратенички прашања годинава.