Иран: Блокиран пристапот до интернет

26.12.2019 10:49

Меѓу организаторите беа и членови на семејствата на жртвите во минатомесечните насилства на демонстрациите кои почнаа поради раст на цената на нафта.

Владата во Техеран го блокираше пристапот до интернет во неколку региони ден откако на социјалните мрежи беше објавен повик за нови протести.

Меѓу организаторите беа и членови на семејствата на жртвите во минатомесечните насилства на демонстрациите кои почнаа поради раст на цената на нафта.

Од Министерството за комуникација и информатичка технологија соопштија дека гаснењето на глобалната мрежа е по наредба на безбедносните власти.