Енергетика

Заев најави јавен повик за ХЕЦ Чебрен

26.12.2019 11:09

Проектот за Чебрене помина на Влада, а на следната седница в сабота ќе биде завршен административниот процес и ќе биде објавен јавниот повик, рече Заев во телевизиско интервју.

Премиерот Зоран Заев најави објава на повик за реализација на проектот  за изградба на хидроелектраната Чебрен откако на следната седница на Владата в сабота ќе заврши административниот процес.

Проектот за Чебрене помина на Влада, а на следната  седница в сабота ќе биде завршен административниот процес и ќе биде објавен јавниот  повик, рече Заев во телевизиско интервју.

Бараме, дополни Заев, приватен партнер во јавно- приватно партнерство. Се работи за проект меѓу 500 и 800 милиони евра каде Електрани на Северна Македонија ќе влезе со свој удел. Со градбата на Чебрен добиваме преку 420 мегавати струја,  сериозен капацитет кој може да биде  регионален балансер, а не само за државата. Тоа е сериозен акомулациски државен капацитет кој останува  трајно добро и капитална придобивка за сите граѓани, наведе Заев.